Guide / manual / handbook
Разбирање на кривичните дела од омраза против муслимани Справување со безбедносните потреби на муслиманските заедници - Практичен водич
Нетолеранцијата кон муслиманите во која било форма, како насилство, дискриминација, вознемирување или злоупотреба на интернет, има штетно влијание врз животот и на поединците муслимани, и на муслиманските заедници. Овој водич има за цел да им помогне на владите во активностите за спречување и борба против кривичните дела од омраза, вклучително и преку анализа на безбедносните ризици и потребните активности, со цел подобрени капацитети на полицијата и другите институции за да се одговори на безбедносните потреби на муслиманските заедници и поединци. Исто така, со водичот се опфатени и одредени теми, како што се недоволното пријавување и евидентирање на кривичните дела од омраза против муслиманите. Покрај тоа, утврдени се и практични чекори коишто владите можат да ги преземат за решавање на прашањата за безбедноста на муслиманските заедници, кои одат рака под рака со напорите во рамките на тие заедници.
- Date:
- Source:
- OSCE Office for Democratic Institutions and Human Rights
- Publisher:
- Organization for Security and Co-operation in Europe
- Our work:
- Толеранција и недискриминација