Guide / manual / handbook
Прирачник за набљудување на изборните кампањи и политичкото опкружување
Изборните кампањи се суштински дел од изборните процеси, во коишто кандидатите се натпреваруваат за поддршката на гласачите. Во текот на предизборните кампањи, политичките актери го активираат општеството, го анимираат и мобилизираат електоратот, но истовремено тоа се периоди кога основните слободи се ставени на тест. Изборните кампањи им даваат можност на сите изборни чинители, вклучувајќи ги и властите, политичките партии и гласачите, да покажат почитување на основните слободи и човековите права.
Прирачникот се заснова на релевантните меѓународни обврски и стандарди за демократски избори, со акцент на заложбите на ОБСЕ, како и на меѓународната добра пракса. Во него е содржана општа рамка на аспекти за оценка на политичката заднина и на условите што се неопходни за спроведување автентични и плуралистички изборни кампањи.- Date:
- Source:
- OSCE Office for Democratic Institutions and Human Rights
- Publisher:
- Organization for Security and Co-operation in Europe
- Our work:
- Избори