Report
Учество во изборите на лицата со попреченост и изборната администрација во Северна Македонија
Oценката на Учеството во изборите на лицата со попреченост и изборната администрација во Северна Македонија, спроведена помеѓу ноември 2021 и август 2022 година го анализира и дава препораки за учеството на изборите на лицата со попреченост од аспект на активноста на изборната администрација.
Истражувањето е резултат на заедничката соработка помеѓу проектот „Поддршка на изборните реформи во Западен Балкан“ на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) при Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) финансиран од Европската Унија и Австриската агенција за развој, и Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во рамките на проектот „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ на владата на Швајцарија.
Рамката за оценка е Конвенцијата на Обединетите нации (ОН) за правата на лицата со попреченост (КПЛП), која Северна Македонија ја ратификуваше во 2011 година, како и заложбите на ОБСЕ и други меѓународни стандарди за демократски избори и претходните препораки на мисиите за набљудување избори на ОДИХР.
Лесно разбирлива верзија на овој извештај е достапна тука.
- Date:
- Source:
- OSCE Office for Democratic Institutions and Human Rights
- Publisher:
- Organization for Security and Co-operation in Europe
- Our work:
- Избори